Бразил: Од собирот за поддршка на Лулa да Силва упатени повици за апсење на Болсонаро

од Stefanija Kuzmanovska

Десетици илјади луѓе во Бразил се собраа на митинзи одржани во знак на протест против упадот на Конгресот од приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, а во најголемиот град во земјата, Сао Паоло, толпата бараше негово апсење.

Во понеделникот во голем број градови и населени места се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло беше импресивен, јавува Би-Би-Си.

Многумина дојдоа облечени во црвено, бојата на работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните.

Слични содржини