Бразилската полиција испраша околу 1.000 демонстранти

од Radmila Tasevska

Бразилската полиција денес испрашуваше околу 1.000 демонстранти кои беа приведени во преполната гимназија во главниот град Бразилија, по антивладините протести во неделата, објави Ројтерс.

Повеќето приврзаници на поранешниот претседател Жаир Болсонаро беа приведени во понеделникот, додека полицијата упадна во кампот во Бразилија каде што се собраа демонстрантите во неделата, пред да упаднат во бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата, бидејќи сметаат дека нивниот кандидат Болсонаро бил измамен претседателски избори.

Бразилскиот Сенат денес ја одобри федералната интервенција во Бразилија, по указот на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Слични содржини