Холивудскиот актер и миленик на жените, 57-годишниот Бред Пит е уништен откако неговата поранешна сопруга, 45-годишната Анџелина Џоли, објави дека е подготвена да открие докази против него за домашно злоставување, додека трае нивната мачна борба за старателство над децата.

Ова е доказ за наводна расправија помеѓу Бред и неговиот сега 19-годишен син Медокс, што се случи во 2016 година и тоа е последната сламка за спас за победата на Анџелина на суд. Имено, таа веќе доставила до судовите документи со докази кои укажуваат дека таа и децата се подготвени да сведочат против Бред, пренесува американски „The Blast“.

„Срцето на Бред е скршено поради тоа и тој не може да поверува дека Анџелина решила да оди по тој пат. Нивниот брак остави емотивни последици на сите. Тој ја презеде одговорноста за своите постапки и проблеми, престана да консумира алкохол. Нивниот брак беше многу страствен и понекогаш токсичен, како и сите парови и тие се расправаа, но тие споделија и многу добри работи. Бред зборуваше за проблемите со пиењето и дрогата што ги имаше додека беа заедно“, изјави близок пријател на актерот за „Page Six“.

Бред никогаш не бил уапсен или официјално обвинет за какво било дело додека бил во брак со Анџелина, ниту пак полицијата морала да интервенира и да пишува извештаи. Но, кратко време откако двојката поднесе барање за развод, се откри дека Бред го испитува ФБИ, како и социјалните служби, за наводен вербален конфликт со Медокс во авионот, но тој беше ослободен од сите сомнежи.

„Бред и неговиот тим никогаш не ја нападнале Анџелина. Но, сега тие сметаат дека овој протек на информации е пресметан потег пред да се донесе конечната судска одлука. Бред се чувствува се поизолиран од неговите деца и тоа го скрши“, рекол неговиот анонимен пријател.

Покрај Медокс, поранешните сопружници ги делат и 16-годишната Захара, 17-годишната Пакс, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

„Медокс веќе сведочеше како возрасен во спор за старателство и не рече ништо во корист на неговиот татко. Тој дури не го користи презимето Пит, но инсистира само на Џоли и сака тоа да биде официјално. Анџелина направи слични обвинувања во минатото. Ова е најновиот тажен и очаен обид да се кажат нејзините лаги по секоја цена. Ова се истите напади што се повторуваат во последните четири години“, изјави близок извор до нив за „УС Викли“.

Слични содржини