Британски научници: Пациентите со омикрон завршуваат поретко во болница отколку заразените со делта

од Nikola Popovski

Веројатноста дека пациент заразен со сојот омикрон ќе мора да се лекува во болница е многу помал отколку заразениот со сојот делта, објавија британските медиуми, повикувајќи се на државно истражување.

Според податоците, веројатноста дека лице заразено со омикрон ќе мора да се лекува во болница е за 50-70 проценти помала во однос на сојот делта.

„Нашето неодамнешно истражување покажа охрабрувачки резултати дека луѓето заразени со сојот омикрон имаат помала веројатност да се лекуваат во болница отколку луѓето заразени со други соеви“, рече Џени Харис, директорка на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, која учествувала во истражувањето.

Сојот на коронавирус Б.1.1.529 (омикрон) беше откриен кон крајот на ноември во Јужна Африка, Боцвана, Израел и е пријавен во неколку европски земји и во САД. Експертите сметаат дека е опасен бидејќи се шири многу побрзо од другите видови и има поголем број мутации, повеќе од 30 во С-протеинот.

Слични содржини