Бројот на бездомници во САД е на рекордно ниво

од Vladimir Zorba

Соединетите Американски Држави забележаа драматичен пораст од 12 отсто на бездомниците, бидејќи кириите се зголемуваат и плаќањата за помош се намалуваат по пандемијата на коронавирус, што го прави домувањето недостапно за многу Американци, соопштија федералните власти.

Оценката на надлежното министерство за 2023 година е дека бездомници доживеале околу 653.000 лица, стои на веб-страницата на организацијата.

Податоците покажуваат дека бројот на бездомници е на највисоките нивоа забележани од 2007 година, кога почна да се регистрира проблемот, а државата Аризона е на врвот на листата, според Fox 10 Phoenix.

Слични содржини