Бројот на новозаразени во Германија опаѓа: „Дејствуваме во вистинската насока“

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и шефот на Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, Лотар Вилер објавија дека бројот на заболени од коронавирус опаѓа во Германија, но сметаат дека мерките за затворање, и покрај подобрувањето на епидемиолошката состојба, мора да останат на сила.

„Се наоѓаме на врвот на пандемијата, а во исто време почнавме да излегуваме од пандемијата“, рече министерот за здравство Јенс Шпан на прес-конференција за епидемиолошката состојба во Германија.

Тој објасни дека бројот на новозаболени лица во последните денови „влева надеж“ и е доказ дека владата дејствува во „вистинската насока“.

Слични содржини