Бројот на жртви од поплавата во Италија се искачи на 8 лица

од desk4
195 прегледи

Во северниот италијански регион Емилија-Ромања, по обилните дождови загинаа најмалку 8 лица а илјадници се отселени од своите домови, соопштија денеска локалните власти.

По обилните врнежи и големото количество на вода се пролеаа 21 река, по што беа поплавени улици и куќи, а беше прекинат и железничкиот сообраќај.

„Најмалку 5.000 луѓе се евакуирани од областа“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.

Вкупниот број на градови погодени од поплавите е 36, додека одрони се забележани во 48 градови и села.

Властите ги предупредуваат жителите на погодените подрачја дека врнежите би можеле да траат уште 12 часа.

Трката во Формула 1, која требаше да се вози во Имола овој викенд, во близина на најтешко погодените области, е откажана. „Одлуката е донесена бидејќи не е можно безбедно да се одржи настанот за нашите навивачи, тимови и персонал“, соопштија организаторите на Формула 1.

Слични содржини