Бројот на жртвите од уривањето касарна во населбата Светли во предградието на Омск продолжува да се зголемува. Спасувачите пронајдоа телата на неколку војници.Вкупниот број на загинатите до овој момент достигна 18 лица, објавија LiveNews.

20150713.wpndoqvuhc

При уривањето под урнатините на зградата биле 45 лица од вкупно 337 кои во овој момент се наоѓале во касарната. До овој момент се спасени 22 лица, од кои повеќето во моментов се наоѓаат во болница. Многу од нив се во тешка и многу тешка состојба. Судбината на други петмина продолжува да е непозната. Руското Министерство за одбрана соопштува дека во моментов за сместување во болниците во Москва се подготвени 30 повредени воени лица . Тие наскоро ќе бидат одведени од Омск за руската престолнина со воен авион со специјална опрема. Откако авионот слета во Москва, сите војници  од наставниот центар ќе бидат сместени за истражување и лекување во централните воени болници “Бурденко” и “Вишневски”, се вели во соопштението.

Слични содржини