Брутална снимка: Војници претепуваат и убиваат гола жена

од Nikola Popovski

На видеото се гледа како група мажи во воени униформи опкружуваат жена, едниот ја удира со стап, по што другите пукаат во неа.

Министерот за одбрана на Мозамбик, Џејми Нето изјави дека видеото, во кое луѓе облечени во воени униформи тепаат и убиваат гола жена, е лажно, пренесува BBC. Тој додал дека виновниците се идентификувани и ќе бидат казнети.

Нето рече дека видеото е монтирано од „злонамерни луѓе“ со цел да се наруши имиџот на армијата.

Видеото предизвика жестоки реакции во јавноста бидејќи стана вирално. Медиумите објавија дека видеото е наводно направено во провинцијата Кабо Делгадо, каде владините трупи се борат против милитантните исламисти.

Минатата недела, Амнести Интернешнл објави дека проверила видеа што покажуваат обиди за обезглавување, тортура и друго лошо постапување со затвореници, распарчување на наводни опозициски борци и можни вонсудски егзекуции.

Слични содржини