Бубевски за убиството на Тот: Немаше намера за прикривање, збрката настана поради лоша медицинска проценка

од Берта Китинска

Немаше намера за прикривање во случајот со смртта на ракометарот Денис Тот. Збрката со информациите настана поради лоша медицинска проценка, вели шефот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, за хрватската телевизија РТЛ.

„Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоа….Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство“,изјавил обвинителот Гаврил Бубевски.

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот почина во болница, откако беше нападнат од три лица пред дискотека во скопскиот Градски парк.

Слични содржини