Буданов: Руските единици успешно напредуваат

од Stefanija Kuzmanovska

Руските единици успешно напредуваат во зоната за специјални операции, меѓу другото кај Авдејевка во ДНР, изјави за телевизијата „Рада“ началникот на Главната разузнавачка управа на министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов.

„За наша жал, тие (руските трупи) имаат одреден напредок на полињата и во околината на Авдејевка“, рече тој.

Буданов додаде дека вооружените сили на Украина се во дефанзива од ноември минатата година.

Пентагон потврди дека има намера да ѝ испорача високопрецизни ракети GLSDB на Украина, но не е прецизирано кога тоа ќе се случи.

Претходно „Политико“ соопшти дека испораките на споменатата муниција се можни веќе во среда, откако американската армија успешно ги тестирала иновативните ракети.

Слични содржини