Будењето во исто време има свои предности, еве кои се тие

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку студии покажаа дека доследно спиење и доследна утринска рутина придонесуваат за поздрав начин на живот.

Порано легнување и порано будење и тоа во исто време може да го подобри вашиот живот на многу начини, пишува „Bright Side“.

Ќе бидете повнимателни и помалку загрижени
Анксиозноста, верувале или не, е поврзана со навиките за спиење, а истражувањата го утврдија тоа.

Раното будење може да ви обезбеди подобро здравје и за телото и за умот. Истражувањата покажаа дека луѓето кои рано се будат имаат поголема веројатност да бидат поуспешни на работното место и брзо ќе ги завршат своите задачи.

Помалку ќе ги одолговлекувате обврските
Ако сте навикнале да го притискате копчето за одложување кога ќе се огласи вашиот аларм наутро, време е да престанете да го правите тоа.

Науката тврди дека ќе го одложувате извршувањето на задачите и другите обврски во текот на денот помалку ако имате подобри утрински навики. Ова е само уште една причина да станете на време и да го започнете денот со ентузијазам.

Ќе бидете посреќни со вашиот живот
Строго дефинираното време на спиење и будење ги прави луѓето посреќни. Вообичаената рутина на спиење и будење доведе до 13 отсто поголемо задоволство во приватниот живот на луѓето, зголемување на финансиите за 18 отсто и 21 отсто поголемо задоволство во рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот, покажа истражувањето.

Ќе се чувствувате поенергично
Постојат луѓе кои секој ден се обидувале да се разбудат во исто време, а нивните резултати се доста интересни. Добар пример за ова е медицинската сестра која одлучила да се буди секој ден во седум часот, дури и за време на викендите.

По некое време, таа забележала дека вежба почесто, спие подобро, јаде подобро, па дури и се буди пред да се вклучи алармот.

Варењето ќе биде подобро
Сите ние имаме деноноќен ритам, односно природен, внатрешен процес кој го регулира нашиот циклус на спиење и будење. И нашите црева работат во согласност со тој процес.

Ако легнуваме да спиеме и се будиме во исто време и имаме соодветна исхрана, нашиот дигестивен систем ќе функционира поправилно и метаболизмот ќе биде побрз.

Имунитетот ќе биде посилен
Спиењето игра важна улога за нашиот имунитет. Нашиот имунолошки систем може да успие исто како и да нè разбуди.

Будењето во исто време секој ден навистина може да му помогне на нашиот имунолошки систем, бидејќи метаболизмот ќе биде добро организиран.

Слични содржини