Буфон го обвини Роналдо за падот на силниот Јувентус

од Vladimir Zorba

Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (43), кој помина 21 сезона во клубот од Торино, изјави дека Јуве ја загуби ДНК на тимот со доаѓањето на Кристијано Роналдо во 2018 година.

„Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампионите првата сезона кога дојде Роналдо, но тие не го сторија тоа, а јас не можев да сфатам што се случи. Тоа беше сезона што ја поминав во ПСЖ“, изјави Буфон за американската телевизиска мрежа на шпански јазик „ТУДН“.

Буфон по една сезона во ПСЖ се врати во Јувентус.

„Кога се вратив во Јуве работев со Роналдо две години и добро се согласувавме. Но, мислам дека клубот ја загуби својата ДНК. Во 2017 година игравме во финалето на Лигата на шампионите и бевме тим полн со искуство, но уште поважно, бевме како една група. Имаше натпреварувачки дух во групата, а со доаѓањето на Роналдо го загубивме тоа“.

Буфон со Јувентус освои десет титули на Италија, но никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Летово се врати во второлигашот Парма каде ја започна својата голманска кариера.

Слични содржини