Буфон нов рекордер на Серија „А“, престигна легенда на Милан

од Vladimir Zorba

Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, стана рекордер по бројот на настапи во Серија „А“ на денешниот натпревар со Торино (4:1).

За легендарниот голман, ова беше неговиот 648. настап во италијанскиот шампионат, во кој го направи своето деби како 17-годишник во дресот на Парма во ноември 1995 година.

Буфон го надмина рекордот што досега го држешепоранешниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини (647)

Буфон кариерата ја започна во Парма, каде престојуваше шест сезони, а кај „млекарите“ одигра 168 натпревари во Серија „А“.

Тој и се придружи на „Старата дама“ во 2001 година, а ја напушти на крајот на сезоната 2017/18, кога се пресели во Пари Сен Жермен, каде што помина една сезона, пред да се врати во клубот од Торино.

Слични содржини