Буфон потпиша нов договор, ќе игра до 46 години

од Vladimir Zorba

44-годишниот Џанлуиџи Буфон не планира наскоро да се откаже од фудбалот бидејќи денеска потпиша нов договор со Парма. Тој е до летото 2024 година, што значи дека на крајот славниот голман ќе има 46 години.

Џиџи се врати на „Енио Тардини“ пред почетокот на сезоната, а претходно беше во Јувентус и Пари Сен Жермен.

Парма се натпреварува во Серија „Б“, но е само на 13. место и тешко дека ќе може да се избори за промоција.

Сепак, Буфон е на ниво, не примил гол на 8 од 23 натпревари во првенството.

Слични содржини