Бугарија е под голем притисок, блокадата нема да издржи долго, тврди Стојков

од Nikola Popovski

Претседателот на партијата „ОМО Илинден-Пирин“, Стојко Стојков смета дека решението со Бугарија е во големиот притисок кон нашиот источен сосед.

-Бугарија е под голем притисок и тој ќе биде се поголем, бидејќи за разлика од Грција, која што ја блокираше Македонија во време кога на дел од Европа тоа ѝ одговараше да нема ширење, а на друг дел не му беше гајле. Сега е време кога е Европа и САД се силно заинтересирани Македонија да влезе, вели Стојков во емисијата „Трилинг“.

Стојков е категоричен дека нема да издржи долго бугарската блокада, но македонските власти мора да покажат истрајност и упорност.

Според него, проблемот во дијалогот доаѓа од Софија, а од македонска страна беше игнориран.

Слични содржини