Бугарија испраќа контингент од 100 војници во Косово

од Симе Стоиков

Контингентот ја заврши обуката и беше оценет „борбено подготвен“, соопшти Министерството за одбрана.

Во Бугарија денеска беше организирано свечено испраќање на воен контингент од околу 100 војници, со што дополнително ќе се зајакне мировната мисија на НАТО на Косово и Метохија (КФОР).

Свеченоста се одржи во 10:30 часот во Јамбол, на централниот плоштад пред зградата на општината, јавува Радио Бугарија.

Контингентот ја заврши обуката како дел од 42. механизиран баталјон – Јамбол и беше оценет како „борбено подготвен“, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Слични содржини