Бугарското МНР: Софија не учествувала во подготовка на нон-пејпер за преговорите со С. Македонија

од Nikola Popovski

Бугарските власти на кој било начин не учествуваа во изработката на документ за решавање на спорот меѓу властите во Софија и Скопје, соопштило тамошното Министерство за надворешни работи, а пренесува БГНЕС, по повод објавите дека се подготвува нон-пејпер за отстранување на бугарското вето.

„Министерството за надворешни работи не беше официјално известено за таков документ, ниту пак учествуваше во неговата подготовка, поради што не можеме да коментираме за неговата автентичност и содржина“, се вели во соопштението на Бугарското министерство за надворешни работи испратено до БГНЕС.

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, во врска со т.н. нон-пејпер соопшти дека од официјална Софија не е пристигнат никаков документ, бидејќи со месеци наназад не се водат никакви преговори за надминување на прашањето со Бугарија.

Владата, пак, во одговор на прашањето на МИА, дали во оптек е нов нон-пејпер за решавање на спорот меѓу двете земји, соопштија дека, за нив, официјален е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со Европската Унија и оттаму сметаат дека тој предлог овозможува решенија прифатливи за сите страни.

Слични содржини