Бун: 2030 е амбициозна, но не е нереална година за полноправно членство на С. Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski

Француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун смета дека годината 2030 година е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство на Македонија во ЕУ.

-Видовме дека земјава напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство. Уставните измени се важни и се дел од европскиот дговоор. Овде сме за да ѝ помогнеме на С. Македонија и тоа е остварлива цел. Постоеше реформа за проширувањето во поглед на земјава и ЕУ и таа реформа е токму во фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата што ги спроведува реформите. Франција има доверба и во амбицијата и крајната цел на премиерот Ковачевски и македонската влада, рече Бун на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини