Целосно спротивно од Шарлот: Кристин Дејвис откри зошто никогаш не сакала брак

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Кристин Дејвис се прослави со толкувањето на ликот на срамежливата и конзервативна Шарлот Јорк во серијата „Сексот и градот“, истоимените филмски продолженија, како и серијата „И само така“.

Меѓутоа, во приватниот живот Кристин е сосема поинаква од хероината која ја глуми веќе 25 години, за што сега проговори.

„Имаме некои сличности, но станува збор за многу поинаков начин на живот, знаете?“, рекла актерката, а потоа додала:

 

„Јас не сум во брак. Никогаш не сум била во брак, тоа не е за мене. Никогаш не бев фокусирана на тоа. Тоа не беше цел во мојот живот, да кажеме така“.

За разлика од Кристин, Шарлот е мажена за Хари Голденблат (го игра Еван Хендлер) во серијата. За време на оригиналната серија, таа бараше маж за кој ќе се омажи и често беше прогласувана за вечна романтичарка.

Кристин вели дека морала да работи напорно за да биде таква.

„Морав да се потрудам да го одиграм тоа добро, навистина морав. Бев под стрес во тие денови кога имав пасус или цела страница за правилата на бракот и сето тоа, и постојано размислував: Како ќе го направам ова и како да направам да изгледа реално?“, рекла Кристин.

Иако не се омажила во реалниот живот, Кристин признала дека една од омилените епизоди ѝ е онаа во која Шарлот се мажи за Треј.

„Ја сакав мојата прва венчавка. Јас не сум некој кој е голем љубител на свадби, но знаете, Шарлот го сакаше тоа, па и јас“, рекла Кристин и додала дека таа ја одбрала венчаницата за таа епизода, заедно со стилистот.

 

„Мислам дека пробав преку 45 фустани ‘Вера Ванг’. Буквално имам тони полароидни фотографии од мене во венчаници. Победи една пуфкаста, а тоа не сум јас. Никогаш не би носела такво нешто, дури и да се мажам. Не би носела вел, ништо од тоа. Но, јас бев посветена на тоа. Како тој лик некако да ме натера да го направам тоа“, рекла актерката.

Слични содржини