Цементарница УСЈЕ не е во работен процес, ДЖСИ извршиле инспекциски надзор

од Nikola Popovski

Државниот инспекторат за животна средина информира дека фабриката Цементарница УСЈЕ во моментов не работи. Од ДИЖС појаснуваат дека согласно Месечниот план за работа на 1.2 од страна на Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион е извршен инспекциски надзор кај правниот субјект при што е утврдено дека и понатаму правниот субјект не е во работен процес.

Се наведува дека рото печка бр.3 не работи од 02.01.2024 поради планирани редовни ремонтни активности.

Исто така рото печка бр.4 е сопрена со функционирање на ден 17.01.2024 во попладневните часови поради планирани редовни ремонтни активности.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, лани на вонредна прес-конференција рече дека при вонредни контроли во Цементарницата „Титан – Усје“  било измерено дека фабриката испушта трипати поголеми количини ПМ 10 честички од дозволеното. Поради поголемиот испуст на гасови и загадување на воздухот, Арсовска објави дека поднесува кривична пријава против Цементарницата.

Од Цементарницата „Усје“, пак, ја демантираа Арсовска велејќи дека во јавноста изнела неосновани ставови и додадоа оти месецов не биле измерени повеќе од дозволените емисии, а во декември воопшто не биле правени мерења.

Подоцна од ДИЖС излегоа на терен и објаснија дека Цементарницата ги исполнила задолженијата што и ги поставил Инспекторатот во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата. Беше објавено дека согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и дека почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина.

Слични содржини