Цените во кафеаните и кафулињата поскапи за 6,3% за една година

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2024
година, во споредба со декември 2023 година, е зголемен за 0.6 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %,
Безалкохолни пијалаци за 1.7 % и Ноќевања за 0.8 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.3 %.

Слични содржини