Чаби: Хајнкес прави нешто ненормално

од Vladimir Zorba

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Чаби Алонсо смета дека Јуп Хајнкес може да остане на чело на тимот и наредната сезона.

„Нема да се изненадам ако тој продолжи да го води Баерн. Сигурен сум дека тој спроведува целосни разговори со господин Румениге и господин Хенес, а тие бараат најдобро решение за клубот“, коментира Шпанецот пред Sportbuzzer.

„И ако тие сметаат дека Хајнкес е најдобро решение, ќе го задржат. Чувствувам голем респект кон нив. Ненормално е она што го прави Хајнкес. Ситуацијата во која го презеде тимот и оваа во која е сега, се радикално различни, на 100%. Тој се разбира со сите во клубот – со газдите, играчите и навивачите“, рече Чаби.

Слични содржини