Чадиковски и Цветковска сведочеа за аферата „Списоци“: Еве кој се бил дел од нив

Во рамки на сведочењето на рочиштето за „Титаник“, своевремено главниот и одговрен уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски посочи дека напосредно пред изборите добил списоци на гласачи и функционери од редовите на ВМРО ДПМНЕ, по што со своите колешки одлучил да се истражува аферата „Списоци“.

„Почнавме да истражуважме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе на списоците, се преставувавме како дел од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите беа во насока што ги пишуваше во списоците“, посочи новинарот Чадиковски.

Од друга страна, новинарката Сашка Цветковска даде исказ во кој фокусот беше на содржината и профилот на лицата кои се нашле на списоците.

„Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции. Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно во која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица“, посочи Цветковска.

Слични содржини