Чадиковски за Извештајот на „Репортери без граници“: Она што особено загрижува е силната политичка поларизација и постоењето на паралелни медиумски системи

„Не гледаме сериозен исчекор напред, туку повеќе одржување на една кревка состојба“, порачува претседателот на ЗНМ

од Nikola Popovski
60 прегледи Младен Чадиковски - Фото: Фејсбук/ЗНМ

„Станува збор за стагнација со благо назадување, што значи дека реформите не се доволно брзи и суштински. Не гледаме сериозен исчекор напред, туку повеќе одржување на една кревка состојба“, велат претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски за глобалниот Индекс за слобода на медиумите што денеска го објави меѓународната организација „Репортери без граници“, во кој Македонија падна за три места.

Она што особено загрижува, а го нотира и извештајот, додава Чадиковски, е силната политичка поларизација и постоењето на практично паралелни медиумски системи.

-Кога медиумите се делат по политички линии и се под влијание на различни центри на моќ – и политички и бизнис – тогаш граѓаните не добиваат целосна и објективна слика, туку фрагментирана реалност, оценува новинарот.

„Стагнација со благо назадување, реформите не се доволно брзи и суштински“: Македонија со нов пад на Индексот за слобода на медиумите