Чеченците тргнаа кон Украина, Кадиров: Сега можеме да го освоиме Киев (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во саботата изјави дека чеченските борци се испратени во Украина и ги повика Украинците да ја соборат нивната влада.

Во видеото објавено на интернет, Кадиров се пофали дека чеченските единици досега немаат жртви и рече дека руските сили лесно можат да ги освојат големите украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Да потсетиме, Кадиров вчера одржа собир на кој присуствуваа 10.000 борци кои се подготвуваа да заминат во Украина за да учествуваат во инвазијата.

Војниците се собраа во главниот град на Чеченија, Грозни, по молитвата во петокот.

Обраќајќи им се на униформираните луѓе, Кадиров рече дека борците ќе се борат на „најжешките точки во Украина“ и би можеле да соберат 70.000 доброволци.

На видеото се гледаат муслимански борци како стојат во збиени редови на централниот плоштад и извикуваат „Алаху Акбар“.

На социјалните мрежи може да се најде и видео, на кое наводно се гледаат чеченски војници од руската армија кои се подготвуваат за молитва.

Се верува дека тие се наводно лоцирани на границата меѓу Украина и Белорусија, но наскоро ќе заминат за Киев.

Слични содржини