Челзи не сака да го задржи Санчо, „сините“ подготвени да платат за разделба

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Раководството на Челси би можело да го врати Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед ова лето и покрај обврзувачката откупна клаузула во договорот за позајмица потпишан минатото лето, пренесуваат англиските медиуми.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд оваа сезона е на позајмица на „Стемфорд Бриџ“, а следното лето „сините“ се очекува да платат меѓу 22 и 25 милиони фунти на „црвените ѓаволи“, во зависност од позицијата на Јунајтед.

Медиумите на Островот тврдат дека челниците на Челси се уште ја разгледуваат можноста да ја искористат клаузулата во договорот и да го вратат Санчо на „Олд Трафорд“, плаќајќи ја договорената казнена клаузула, чија висина не е позната.

Дополнителна компликација би можеле да бидат можните дискусии меѓу крилниот играч и Челси за личните услови, бидејќи двете страни се уште немаат договор, иако задолжителната клаузула е позната уште од летото.

Самиот играч одлично ја започна сезоната во Лондон на првите неколку натпревари, но неговата форма постепено опаѓаше и во последно време се почесто е на клупата за резерви.

Слични содржини