Четири ракети соборени над Белгород во Русија, повредено едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

Руската воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород, на границата со Украина, а во таа прилика е повредена една жена, соопшти денеска гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

„Нашата противвоздушна одбрана собори четири ракети над Белгород и Белгородската област. Последиците на терен се расчистуваат. Веќе е пријавено едно повредено лице. На местото на настанот е испратена брза помош“, напиша Гладков на каналот Телеграм.

Како што наведе, причинета е штета и на два станбени објекта.

Слични содржини