Знаете ли што значи, да влезеш среде програма на радио на ТВ, да ти влезе обезбедување и да те легитимира и да те извлече од студио? Или си ти криминалец кој влегол на програма, или е криминалец тој што ти влегува дома во куќа, во студио да те извлече, трето нема.

kanal103

И за ова ли сега уредниците ќе се кријат зад обезбедувањето, дека тоа е нивна работа, како што се кријат зад обвинителството дека тоа не е нивна работа? А што е нивната работа? Да ги остават колегите да ги легитимираат внатре среде програма, за да видат кој е наш, а кој нивни ли?

Симптоматично ми е и кое е тоа обезбедување на државна куќа на МРТВ, кое не ги знае своите вработени и ги вади од програма.

Кого тие обезбедуваат програмата или тие кои ги плаќаат за да извлекуваат луѓе од програма?

Чија е наредбата?

Чие е обезбедувањето, на МРТВ или за некој од надвор кој треба да кажува кој да влезе, кој да чита вести и кој да биде исфрлен од програмата?

Фејсбук  статус на Драган Антоновски

Слични содржини