Човечкиот Кен се фали со силиконите: Наскоро ќе го менувам и полот

Бразилецот Родриго Алвез кој се прослави како Човечкиот Кен, конечно стана она што одамна го посакуваше – жена. Тој потрошил 650.000 долари на пластични операции за да се трансформиеа. По бројните корекции сега не се срами да ги истакне своите облини.

Тој често го става своето деколте во преден план, облекува фустани, здолништа, тесна облека, потпетици. Како што кажал, едвај чекал да ги вгради силиконите за да може да носи фустани со длабоко деколте.

– Се чувствувам одлично бидејќи конечно на светот можам да му кажам дека сум девојка. Ме знаат како Кен, а јас отсекогаш бев Барби – рекол Родриго за Ladbible.

Алвес би сакал да се претставува со „таа“, а најавил и нова операција како дел од трансформацијата, вклучувајќи и промена на полот.

– Сега сум вистинскиот јас. Гламурозен, прекрасен, женствен. Со години се обидував да живеам како маж. Имав „плочки“ на стомакот, мускули на рацете, но само се лажев себе си. Јас сум жена и секогаш имав само женствен мозок. Сега и телото ми одговара со умот – рекол Родриго.

Слични содржини