Човек починал затоа што пиел премногу вода?

од Nikola Popovski

Еден човек во Франција починал откако испил премногу вода, па затоа е отворена истрага во болница во одделот во Жиронд, каде починал.

Необичен случај се случил на 22 февруари во болницата во Кадијак, пренесува „Републиканскиот суд во Жиронд“.

Се сомнева дека станува збор за потоманија, состојба во која едно лице има нездрава и прекумерна потреба од пиење.

Полицијата започнала истрага заради тој случај, а нарачана е и обдукција на починатиот.

Потоманија е патолошка невролошка болест, при што е оштетен мозочниот центар што ја регулира жедта. Како резултат, може да дојде до труење на организмот кај лицата кои пијат повеќе од 10 литри вода на ден, наведува „Фигаро“.

Бидејќи нивото на урина во организмот се зголемува како резултат на прекумерно внесување вода, бубрезите откажуваат, а поради прекумерна хидратација на клетките и пад на нивото на натриум во крвта, може да се појави едем на мозокот.

Слични содржини