Маркос Родригез Пантоја живеел 12 години меѓу волци во планините на шпанската покраина Кордоба пред, на 19 години да го најде тамошната цивилна заштита и да го врати во цивилизација. но, иако сега има 72 години, тој потполно не се прилагодил на живот меѓу луѓето.

Роден е во Кордоба 1946 година. Ја изгубил мајка му на три години, а потоа го напуштил и татко му, заминал да живее со друга жена во друг град.
Како дете, одведен е во планините да го замени стариот овчар и се грижел за 300 овци. Се сеќава дека чичко му го научил да запали оган и да користи разни алати, но во 1954 година, кога имал осум години, овчарот умрел и тој живеел сам.
Не е јасно како Маркос завршил во планините со дивите волци, но кога цивилната гарда го нашла по 12 години, веќе го заменил говорот со животински вик.Вратен е во цивилизација, но никогаш не се прилагодил на живот со луѓето. Во еден момент се обидел да им се врати на волците, но тие повеќе не го гледале како брат.
„Може да кажеш дека се тамо, ги слушате како завиваат, но нее лсено да ги видите. Ако ги повикам ќе одговорат, но нема да ми пристапат. Мирисам како луѓето, ставам колонска вода“, вели тој.
Тој вели дека последните среќни сеќавања му се од животот со волците, од волчицата која прв пат му покажала мајчинска љубов и од нејзините млади кои го прифатиле како брат. Го учеле да преживее во дивината, му покажале кои плодови и печурки да ги јаде, а кои се тровни. Се сеќава дека спиел во пештери, меѓу лилјаци, змии и елени и на босоногото трчање по непристапниот терен.
„Ќе ги замотав нозете само кога беа повредени од снегот“, вели маркос. „На стапалата имал плускавци од удирање во камења како кога ќе удрите топка.
Но, тие среќни времиња завршија кога цивилната гарда го пронашла пред 57 години, а неговиот живот се распаднал.Тој се чивствува заборавено и измамено, искористен од шефовите во угостителството и градежништвото, а го исмејувале врсниците затоа што не знае за фудбал или политика.
Сега живее во селото Ранте во Галиција. Мината зима му било тешко затоа што поради малата пензија не може да вклучи греење. За среќа, членови на еколошко друштво собрале пари за да му ја изолираат куќата и му купиле шпорет за следната зима.
Без разлика на разочарувањето среќен е што соседите го прифаќаат како еден од нив, сака да зборува со децата за љубовта кон животните, а и сака да се грижи за околината, па ќесто е гостин во училиштата каде зборува за екологија.
„Неверојатно е како се привлекуваат деца со животно искуство“, вели еден член на еколошкото друштво.
Маркос е еден од ретките забележани случаи на луѓе кои ги одгледале животни, далеку од цивилизација.Бил предмет на многу антрополошки студии, книги и документарци.