euros_1780625b

Грчки даночни службеници кои деновиве спроведуваат контрола на островите во Егејското и Јонското Море, регистрирале значително даночно затајување во хотели, ресторани и барови, јавува дописникот на МИА од Атина.

Поконкретно, при 63 инспекции извршени во текот на последните денови на Крит, даночните службеници евидентирале 33 прекршоци и 39 сторители.

Новиот заменик министер за финансии, Трифон Алексиадис веќе подготви министерска одлука со која се прецизирани процедурите кои треба да се спроведат за време на инспекции во текот на летото насочени кон борбата против даночното затајување.

Слични содржини