ЦУК: Изминатото деноноќие 1.847 повици на 112, најмногу кон полицијата

од Stefanija Kuzmanovska

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.847 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 41,96 отсто, а 58,04 отсто биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.

Од ЦУК посочуваат дека кон полицијата биле упатени 55,67 отсто, кон итната медицинска помош 38,49 отсто, а кон пожарникарите 4,47 отсто.

Во последното деноноќие имало седум пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а и отпадоци гаснеле пожарникарите од Скопје кај село Варвара и од Прилеп кај патот за Дабница.

ТППЕ од Гевгелија имала две одделни интервенции заради запалена ниска вегетација и трска кај селата Селимли и Богородица. Пожарникарите од Валандово гаселе кај село Удово, месност „Адата“ на површина од 0,5 хектари, од Делчево, на површина од околу 1,5 хектари гаселе кај село Илиово, месност „Ширината“. Пожарникарите од Ранковце гаснеле запален отпад и ѓубриште покрај локалниот пат кај село Опила.

Од ЦУК информираат дека се уште има и запалувања на оџаци, вкупно пет во последното деноноќие. ТППЕ Охрид во текот на денот имала три интервенции поради запалени оџаци, а ТППЕ Дебар и ТППЕ Гостивар имале по една интервенција заради запален оџак.

ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и да ги слушаат препораките на пожарникарите во поглед на чистење на оџаците, а секако да бидат внимателни при прошетките во природа, бидејќи на повисоките места во планините осоите се на многу места замрзнати.

Слични содржини