ЦУК: Вкупно 1.625 повици на бројот за итни случаи 112

од Stefanija Kuzmanovska

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1.625 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици за итни случаи биле 39,82 отсто, а 60,18 отсто други, именувани како „неитни повици“.

Како што соопштуваат денеска од ЦУК, согласно генералната природа на настаните кон полиција биле упатени 51,10 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 41,85 отсто, кон пожарникарите биле упатени 3,52 отсто, а кон АМСМ 0,44 отсто.

-Кон Центарот за управување со кризи имало 3,08 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,22 отсто „неитни повици“, (вкупно 985) биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението

Слични содржини