Д-р Дервишова: Да го задржиме дигнитетот на докторот, да биде среќен и задоволен

од Nikola Popovski

Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари денеска информираше дека протестот на матичните лекари е во прекин, откако по состанокот со здравствените власти се договориле за понаматошен разговор преку формирање на работни групи.

-Наше беше како здружение да алармираме под итно за да ги сочуваме здравствените установи во малите места. Сметам дека имавме позитивен настап, заменик-министерот Рендевски ги сфати нашите проблеми, а ние ги пренесовме сите проблеми на целокупното приватно здравство, како што е режимот на пропишување. Треба да го задржиме дигнинетот на докторот, да биде среќен и задоволен здравствениот работник. Апелирам и до заменик-министерот да се почне веднаш и со работните групи и да се инсистира во сите од нив да биде човек кој ги разбира нашите барања, рече Дервишова во изјава после средбата.

Слични содржини