Д-р Мехмедовиќ: Ова е „присилна“ вакцинација, мерките се носат во 5 до 12

од Nikola Popovski

Овие мерки се носат во 5 до 12 и немаме некои опции или искуства од околните земји кои што можеме да ги примениме. На пример, Австрија го одложи тоа за во февруари кога ќе го направи како задолжителна вакцинација, како и Индонезија и Малезија, изјави д-р Злате Мехмедовиќ во емисијата „Топ тема“ околу предлог-мерките за справување со пандемијата.

Според него, наведените земји до месец февруари ќе имаат период од 4 месеци со кои ќе можат да оперираат со ваквите правни проблеми.

Мехмедовиќ наведува дека ова е „присилна“ вакцинација, ако сакаме да се изразиме вулгарно.

-Нема полош начин од тоа на некој да го натерате, да му наложите да се вакцинира. Околу ПЦР-тестовите на трошок на работодавачите, сметам дека нема да промени многу, затоа што веројатно на луѓето ќе им дојде преку глава од постојано тестирање во текот на неделата, макар и бесплатно, потенцира д-р Мехмедовиќ.

Слични содржини