Да не нѐ бомбардираат со ковид-бројките на дневно ниво, бара д-р Даниловски

од Nikola Popovski

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека ако требаше да се донесат мерки поради сојот омикрон, тоа требало да се направи уште веднаш, кога за првпат се појави во светот.

-Тоа требаше уште пред месец дена додека не дознаеме со што си имаме работа. Сега веќе нема смисла за мерки, освен за критичните граѓани, за да се поштедат и заштитат со што подобра бариера за полесно да поминат, вели Даниловски во емисијата „Клик плус“.

Епидемиологот е категоричен дека Министерството за здравство не треба да ги објавува дневните бројки од ковид-билансот.

-Да не нѐ есапат со бројките, да не не бомбардираат. Треба дефиниран маркер да ни биде бројот на хоспитализации и смртни случаи. Да се тестираат само оние со симптоми. Тоа да биде репер, вели д-р Даниловски, нагласувајќи дека на прагот на летото, речиси и ќе го немаме веќе вирусот.

Слични содржини