„Дали би го направиле истото денес?“: Вучиќ остана без зборови по новинарско прашање

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарот на „Нова.рс“ Жељко Вељковиќ го шокираше српскиот претседател Александар Вучиќ со своето прашање на вчерашната прес-конференција во врска со масакрот во белградското училиште. Прашањето имаше таков ефект што на Вучиќ му требаа неколку секунди да се прибере, а видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

„Велите дека децата не гледаат телевизија, но дали би направиле нешто поинаку сега… на тие деца им покажувавте фотографии од убиени и осакатени луѓе (наводни жртви на криминалниот клан предводен од уапсениот Вељко Беливук, оп.а.) и зборувавте за сето тоа. Дали мислите дека тоа можело да придонесе за тоа? Дали би го направиле истото денес?“, гласеше прашањето.

Вучиќ најпрвин видно занеме, а потоа некако успеа да се прибере и одговори: „Се надевавме дека денес ќе има малку почит кон жртвите, дека ќе има почит кон жртвите… Јас можам да зборувам за мојата одговорност. Дали во тоа училиште беше направено се како што треба? Тешко ми е да кажам, но не гледам што можеше да биде поинаку… Што се однесува до мојата одговорност и прикажување на фотографиите, тие беа прикажани за никогаш да не се случи такво нешто повторно“, заклучи на крајот Вучиќ.

Слични содржини