Дали е ова голот на сезоната?! (ВИДЕО)

Веројатно најдобриот гол од почетокот на годината доаѓа од полето од Аргентина.

Сан Лоренцо го совлада Платенсе со 4: 2 на гостински терен, а натпреварот го одбележа играчот на победничката екипа, Габриел Хернан Рохас, со вистинско ремек-дело.

Во 75-та минута Рохас најпрво брилијантно ја прими топката во градите по центаршут и со акробатски „ножички“ ја погоди од работ на казнениот простор за водство од 3: 2.

Уживајте:

Јасно е дека го добивме фаворитот за познатата награда „Ференц Пушкас“, која се доделува за најдобар гол на годината.

Слични содржини