Дали евровизиската песна на „Ураганките“ е плагијат : Сериозни обвинувања против Србија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Вечерва членовите на групата „Ураган“ ќе настапат во финалето на 65-та „Евровизија“, што годинава се одржува во Холандија, а претставничките на Србија се соочиле со обвинувања дека песната „Локо Локо“ всушност е плагијат .

Наводите за наводен плагијат се објавени на Твитер.

Фановите на италијанскиот музичар Лука Маркана, кој се претставува со уметничкото име „Ака 7Евен“, не престануваат да објавуваат линкови до неговата песна „Лока“ во коментарите под најавите за групата „Ураган“, тврдејќи дека Ксенија, Сања и Ивана ја украле.

Некои фанови на Евровизија изјавуваат дека единствени сличности се зборовите „Лока“ и „Рам па па пам“.

Слични содржини