Дали оваа ФОТОГРАФИЈА од Ибица покажа КАДЕ ЌЕ ИГРА МЕСИ? Време е за нова трансфер БОМБА (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Вчера како бомба одекна веста дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона откако не успеа да се договори со челниците на овој клуб за продолжување на соработката.

Очекувано, веднаш започнаа шпекулациите за тоа каде Аргентинецот може да ја продолжи кариерата, а една слика на Инстаграм ја скокотка фантазијата на фановите на француски ПСЖ.

Сликата што се појави на Инстаграм, односно Нејмар ја објави на својот профил, прикажува уште четворица фудбалери до него – Меси, Паредес, Ди Марија и Верати, како позираат во прегратка на некоја прослава, со краток опис до неа: „Пријатели“.

Слични содржини