Дани Миног се враќа на музичката сцена

од Vladimir Zorba

Поп пејачката Дани Миног планира да го лансира својот прв сингл од две години уште следниот месец. Се очекува ѕвездата, што е всушност помалата сестра на поп дивата Кајли Миног, да го претстави своето ново парче на забавата по повод 40-годишнината на нејзината поранешна издавачка куќа “Централ стејшен рекордс” на 11 август.

Таблоидите дури успеаја однапред “да душнат” дека 44-годишната Австралијка обединувала сили со сонародничката Сиа и новата песна ќе има модерен, електро-поп звук.

Помладата Миног нема издадено нов албум 10 години. Единствено во 2015 година таа го пушти синглот Summer of love, но потоа повторно потона во тишина.

Слични содржини