„Децата не треба да бидат во Холивуд“: Натали Портман се осврна на својата прва улога

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата оскаровка Натали Портман појасни дека, според неа, децата не треба да глумат во Холивуд додека се уште се деца.

Натали Портман ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години – со улога во филмот на Лук Бесон – Léon: The Professional. Сепак, оскаровката смета дека децата не треба да работат во Холивуд.

„Не би ги охрабрила младите луѓе да се занимаваат со тоа, не никогаш, туку додека се деца“, рече таа.

Сепак, Портман не жали што ја започнала својата актерска кариера во нејзините предпубертетски години, бидејќи нејзините родители се грижеле за неа додека била на снимањата.

„Се чувствувам среќна што не бев повредена, но исто така им придавам признание на моите презаштитнички настроени, прекрасни родители. Не ви се допаѓа тоа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа“, објасни таа понатаму.

Актерката веќе зборуваше и претходно дека за време на нејзиното детство, поради раната актерска кариера, била претерано сексуализирана од јавноста.

„Тоа ме натера да се плашам од сопствената сексуалност“, навела таа.

 

„Дел доаѓа од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филмот во кој глумав, а во него беа спомнати моите гради“, изјавила Натали која токму поради тоа усвоила некои одбранбени механизми, како одбивање на улоги кои вклучуваат секс.

Слични содржини