„Делта“ видот пристигна во Виена

од Stefanija Kuzmanovska

По неколку места во Долна Австрија, делта видот на коронавирусот, односно индиската мутација, сега е идентификуван и во Виена.

Значително позаразниот вид е потврден кај 12 случаи, објави покраинскиот кризен штаб. Беше истакнато дека се работи за претежно повратници од патување, кои веќе биле излекувани.

Сепак, Андреас Хубер од Кризниот штаб рече дека во моментов има 19 активни случаи осомничени дека се делта соеви.

Секвенционирањето на овие 19 примероци е во тек, а според Хубер, досега се покажало дека во 40% отсто од случаите, делта сојот е потврден.

Слични содржини