Демократите го презентираат својот случај пред Сенатот за отповикување на Доналд Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Започна вториот ден од судењето за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Денес и утре, обвинителите ќе го презентираат својот случај пред Сенатот.

Според Си-Ен-Ен, обвинителите планираат да прикажат досега невидени снимки од безбедносните камери од нападот на Капитол Хил на 6 јануари. Со ова, тие сакаат да го демонстрираат степенот на насилството што се случил и колкава закана претставувале хулиганите за сите што биле во Капитол во тоа време.

Потсетуваме, на поранешниот претседател Трамп му се суди за „поттикнување бунт“. Синоќа, повеќето сенатори изјавија дека судењето за отповикување е уставно, и покрај повиците на некои републиканци да го отфрлат случајот.

56 сенатори гласаа за, додека 44 беа против.

Слични содржини