Демократите во американскиот Конгрес клекнаа на колена во чест на Џорџ Флојд

од Stefanija Kuzmanovska

Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија денес, пред да го претстават предлогот за полициска реформа, одржаа минута молчење и потоа клекнаа на едно колено, што стана симбол против полициската бруталност и насилство.

Тие клекнаа осум минути и 46 секунди во сеќавање на Џорџ Флојд и другите Афроамериканци кои „ги загубија своите животи неправедно“.

Претседателот на Демократскиот дом, Нанси Пелоси, и шефот на Демократското малцинство во горниот дом, Сенатот, како и околу дваесет други членови на Конгрес, меѓу кои и неколку црни претставници, се собраа во Салата за еманципација, така именувана во чест на робовите кои работеа да ја изградат зградата на Конгрес во Вашингтон во 18 век, јавува Агенцијата Франс Прес.

Осум минути и 46 секунди е времето кога бел полицаец го притисна со колено на врат Џорџ Флојд при приведувањето на 25 мај, сè додека не се задуши. Настанот предизвика историски бран на гнев во Соединетите држави, а се прошири и во другите земји во светот.

Протестот со клекнување на едно колено поради полициска бруталност и расизам започна во август 2016 година, коа некои американски спортисти клекнуваа за време на интонацијата на американската национална химна пред почетокот на натпреварите.

Слични содржини