330
По одлуката за самораспуштање на Собранието на Р Македонија, претседателот Трајко Вељановски треба уште вечерва да ги распише изборите со цел ДИК, но и другите државни институции да можат навреме да ги завршат обврските.
Независно што претседателот има можност уште неколку дека ( до 27.10 2016 год) да развлекува, сметаме дека е коректно и во интерес на сите граѓани и партии тоа да го направи уште вечерва , со што ќе започнат да течат законските изборни рокови.
Само за потсетување некои закони за да ги објават, заради итност, со авион ги носеа до Подгорица на потпис кај Ѓорѓе Иванов, а вечерва повторно се подготвува ујдурма , и е потребно распишување веднаш, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз