Денеска променливо облачно со слаб дожд, а на планините слаб снег

од Vladimir Zorba

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 7 степени, во Битола – 5, на Попова Шапка -4, во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица – 3, во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Крушево, Дебар и Маврови Анови – 2, Виница, Кавадарци и Велес -1, Скопје-Зајчев Рид и Куманово 0, Дојран и Гевгелија 4 степени.

Најмногу снег има во Маврови Анови 12 сантиметри, во Дебар седум, во Крушево и Ѓуриште шест, во Битола и Попова Шапка пет, во Тетово и Охрид два сантиметри.

Времето денеска е променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Слични содржини