Денеска се вистински УРАГАН, а еве како некогаш изгледаа популарните Hurricane (ФОТО)

од Elena Daskalova

Девојките од групата Hurricane го освоија Балканот, а сега ја освојуваат и Европа. Тие ќе ја претставуваат Србија на годинашната Евровизија, а се чини дека се откритие на годината.

Сања, Ивана и Ксенија се едни од најзгодните девојки на балканската естрада, а тоа го докажуваат и нивните енергични настапи кои се секогаш проследени од многубројна публика.

Сања во текот на изминатите години, откако ѝ е дијагностициран Хашимото синдром, со помош на терапија и соодветна исхрана успеала да ја доведе својата линија до совршенство. Ивана била бринета, а и Ксенија се има доста променето иако е русокоса уште од средношколските денови.

Слични содржини